13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Детали од вчерашниот состанок: За размената Џеко – Санчез клучен е 21 годишен Италијанец

Најчитани вести

Вчера вечерта беше завршен состанокот помеѓу Интер и Рома за потенцијалната размена Един Џеко – Алексис Санчез.

Откако Џеко влезе во конфликт со Фонсека повторно се активираше можноста за негово заминување и повторно еден од клубовите со кои што се поврзува Интер. Сега се споменува размена на играчи до крајот на сезоната. Интер во Рим би го испратил Санчез за да го доби Џеко.

Двајцата напаѓачи заработуваат околу 7.5 милиони евра по сезона, но постои една голема разлика. Алексис Санчез дојде од Манчестер Јунајтед и поради тоа имаше олеснителна околност за данокот како талент кој пристигнал од странство.

Тоа значи дека разликата помеѓу бруто трошоците за платите на Џеко и Санчез е отприлика три милиони евра без оглед што имаат слична плата.

Работата е во тоа што Интер нема намера да ја плати таа разлика, но сега за клучен човек се смета 21 годишниот фудбалер Андреа Пинамоти кој Интер би го вклучил како дел од пакетот.

Интер и Рома ќе се обидат да пронајдат заеднички јазик, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните два дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести