17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Детали за сообраќајката во Србија: Се тркале со мотори – едниот се забил во возило со 200км/ч, другиот побегнал

Најчитани вести

Во стравичната сообраќајна несреќа која се случи вчера во село Церовер кај Шабац, загинаа М.С(33) и нејзиниот син В.С.(3), како и возачот на мотоциклот Н.З.(44).

Според информации од очевидци, две лица се тркале со мотори, од кои едниот е загинатиот мотоциклист. Во еден момент тој со моторот удрил директно во автомобил при што загинал на лице место. Додека пак вториот мотоциклист побегнал од местото на несреќата.

Извор кој е упатен во случувањата изјавил дека мотоциклистот со 200км/ч удрил во автомобилот во кој се превезувале младата мајка и нејзиниот тригодишен син.

Стравичната сообраќајна несреќа ја преживеала жената С.с.(56) која управувала со возилото.

Најнови вести