23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Детали за масакрот во Шибеник: Банкротиран пекар изрешетал двајца бизнисмени и стечајна управничка

Најчитани вести

Убиецот на четири лица во Шибеник и Водице, според неофицијални информации, е Бранко Колопер, сопственик на шибенската компанија „Маткол“, која имала синџир пекарници во градот. Тој не се самоубил, како што првично се претпоставуваше, а полицијата испрати предупредување до граѓаните дека убиецот е со автомобил „шкода карок“ и е вооружен.

Веднаш откако медиумите објавија дека се случиле убиствата, во градот се прошири приказна според која, Колопер ја повикал стечајната управничка и советник во градското собрание, Радојка Данек и бизнисменот со презиме Шпарада на состанокот во Рашин, пред неговиот производствен погон. Шпарада наводно требало да преземе дел од деловните простории.


Третата жртва најверојатно е нејзиниот сопруг кој ја довезол на состанокот, а кога пристигнал Шпарада, Колопер извадил „калашников“ и ги изрешетал. Веднаш потоа влегол во „шкодата“ и се упатил кон Водице, каде што го убил Теди Сламиќ, извршниот директор на трговскиот синџир продавници „Дјело“, пред една од неговите продавници.

Според неофицијални информации, Колопер го сметал Сламиќ одговорен за распадот на неговата некогаш успешна компанија. Кога „Дјело“ ги отвори ланците на своите продавници, Колопер се договорил со сопствениците деловна соработка на начин малопродажниот ланец да ги откупи неговите пекарски производи.

Целата приказна почнала добро, но подоцна излегле проблеми и трговскиот ланец повеќе не му плаќал на Колопер за испораката. Долгот се акумулирал, а упатените велат дека тогаш Колопер и Сламиќ се договориле да го надоместат долгот со брашно. Но, на крајот се покажа дека брашното има повисока цена од финалниот пекарски производ, па по некое време се покажа дека „Маткол“ му должи на „Дјело“ над половина милион куни. Секако, овие ја блокираа неговата компанија и по 120 дена поднел барање за банкрот поради долг кој се искачи на 831.702 куни ( 100.000 евра).

Тоа не беше единствениот долг на „Маткола“ затоа што по отворањето на стечајот беше напишано дека должи скоро три милиони куни (околу 400.000 евра) на Даночната управа, ОТП банка и на повеќе јавни претпријатија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести