-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Деспотовски размислува да им се спротивстави на Ременски и Ковачевски

Најчитани вести

Јован Деспотовски сериозно размислува за кандидатура за претседателската функција во СДСМ, но директорот на ТИРЗ најави дека утре ќе ја соопшти неговата одлука. Тој смета дека може да понуди нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството.

– Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема – рече Деспотовски, одговарајќи на новинарски прашања во Дирекцијата на ТИРЗ, додавајќи дека сакам дополнително да се консултира со најблиските пред да ја соопшти одлуката.

Потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски и заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, вчера ги поднесоа кандидатурите за функцијата. Рокот за пријавување истекува утре во 16 часот.

Вонредниот конгрес на СДСМ за избор на нов лидер ќе се одржи на 12 декември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com