20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Дескоска: Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за СЈО

Најчитани вести

Катица Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство и согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето, изјави министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашања зошто се предвидени 3,7 милиони евра за СЈО во Буџетот за 2020 година, кога таа институција повеќе не постои.

– Разговарваме во Министерството за финансии. Имаме ситуација во која Катица Јанева пред да биде разрешена испратила буџетски циркулар и барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство. Согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето. Ќе видиме како ќе помине тоа во Собранието. Во секој случај, тоа се средства што потоа ќе бидат распределени во Јавното обвинителство генерално, рече Дескоска, на денешната прес-конференција во Министерството за правда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com