2.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Десет мигранти од Авганистан пронајдени во возило кај патарината Отовица-Велес

Најчитани вести

Велес, 22 декември- Двајца полициски службеници и двајца мигранти се здобиле со телесни повреди, откако синоќа во акција на полицијата пред патарината Отовица-Велес во возило се  пронајдени десет мигранти од Авганистан. Како што соопшти МВР вчера околу 04:50 часот, пред патарина Отовица – Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од с.Студеничани, скопско, во кое биле превезувани мигрантите. При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес. Околу 6:00 часот на локалниот пат за с.Отовица биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. За случајот е известен јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com