7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Десет земји од ЕУ имаат помалку од една полначница за батерии на 100 км

Најчитани вести

поред ревидираните податоци, во Европската унија се уште има голем недостаток од станици за полнење на електричните возила

Ова го покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили, според кои во дури 10 земји од ЕУ треба да возите повеќе од 100 километри до првата полначница. Точно е дека во сите овие земји, освен Унгарија, уделот на електрични автомобили во продажбата е помал од 3%, и прашање е дали со таква инфраструктура ќе биде можно поголемо популаризирање на електричната мобилност.

Понатаму, 18 земји членки на ЕУ имаат помалку од 5 станици за полнење на 100 километри пат, додека само четири имаат повеќе од 10 станици за полнење.

Податоците звучат загрижувачки, особено кога ќе земете во предвид дека според предлогот на Европската комисија, до 2030 година, емисијата на СО2 од новите автомобили треба да биде 55% помала отколку во 2021 година, а во рамките на климатскиот пакет Fit for 55.

Разликите се огромни, така што Холандија е на самиот врв со 47,5 полначи на 100 километри, а потоа следат Луксембург (34,5), Германија (19,4), Португалија (14,9) и Австрија (6,1) како пет земји со најгусто распоредени станици за полнење.

На дното се Летонија и Романија со само 0,5 станици за полнење на 100 километри, Полска со 0,4, а најлошо стои Грција со само 0,2 станици на 100 километри.

Затоа ACEA ги повикува Европскиот парламент и Советот да ја искористат оваа можност за да ги постават вистинските услови за е-мобилност за време на претстојните преговори за Fit for 55.

Број на станици за полнење

Во моментов во Европската унија работат 224.237 полначи, од кои 30% се стационирани во Холандија (66.665), 20.4% во Франција (45.751) и 19,9% во Германија (44.358), што значи дека на 23% од територијата на ЕУ се сконцентрирани повеќе од 70% од станиците за полнење на електрични автомобили. Покрај тоа, веќе четвртопласираната Италија заостанува драстично со удел од 5,8% (13.073).

Еден од добрите показатели е Романија. Оваа земја е шест пати поголема од Холандија и има вкупно 493 станици за полнење. Најмалку полначници има на Кипар (70), потоа Малта (96), Литванија (174), Бугарија (194) и Грција (275).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com