12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Десет години беше потсетник на катастрофата во Јапонија, а потоа се случи чудо…

Најчитани вести

Сто години стар часовник кој стоел на влезот во еден храм во Јапонија, повторно започна да чука после најновиот земјотрес кој ја погоди островската земја.

Речиси 10 години, часовникот беше потсетник на времето кога пред 10 години разорен земјотрес и цунами ја потресоа Јапонија. Часовникот за кој се верува дека е стар околу 100 години, престанал да чука кога североисточниот брег на Јапонија беше погоден од разорен земјотрес и цунами на 11-ти март 2011-та година, при што загинаа над 18 илјади луѓе.

Фумонџи храмот, кој се наоѓа на стотина метри од брегот кој беше преплавен од цунамито, беше уништен и од него останаа само столбовите и покривот. Буншун Сакано го спасил часовникот, но иако истиот не работел, тој сепак го поставил на ѕидот.

А потоа, на 13-ти февруари оваа година, само неколку седмици пред 10-годишнината од катастрофата, истата област во Јапонија беше погодена од нов силен земјотрес, за кој експертите веруваат дека можеби е последица на тектонските поместувања во 2011-та година.

Следниот ден, Сакано, главниот свештеник во будистичкиот храм го обиколил храмот за да утврди дали претрпил некаква штета, при што забележал како часовникот повторно работи.

„Можеби така ме поттикнува да тргнам напред уште поодлучно. Како знак на охрабрување дека ќе дојде до обнова“, изјави Сакано за локалните медиуми.

Претставник на „Сеико“, компанија која го произвела часовникот изјави дека постои можност земјотресот да ги разбил наслагите на прашина во внатрешноста на часовникот и го „потресол“ механизмот кој оживеал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести