Екипата на Голден Арт забележа победа во плеј-аутот против Радовиш (36-23) и направи огромен чекор напред во битката за опстанок во однос на ривалите во Суперлигата.
- Комплетниот натпревар меѓу Голден Арт и Радовиш:
Домаќинот одигра одличен натпревар и водеше од почетокот до крајот. Избраниците на Владимир Глигоров се одлепија уште на стартот на 10-4 и потоа беше полесно да се игра. До паузата, Голден Арт ја задржа високата предност (18-12), а вториот дел беше само рутина.

Христијан Милошески се истакна на теренот со десет постигнати гола, пред искусниот Ивица Илиев со пет реализации, додека кај Радовиш, Александар Марков и Филип Трајанов имаа по пет постигнати гола.
rakomet-golden-art-radovis-2.jpg

За Голден Арт ова беше трета победа по пет одиграни кола во плеј-аутот, додека Радовиш нема победа и е на дното.