31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Десетици мртви желки и делфини пронајдени кај Гватемала

Најчитани вести

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени угинати на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага, соопштија властите.

Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, и 14 делфини. Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала.

Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта.

Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com