13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Десетина цркви во САД ги штитат мигрантите од депортација

Најчитани вести

Десетина цркви во Лос Анџелес се прогласија како засолниште за семејствата на мигрантите пред почетокот на депортацијата, што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп.

Гилермо Торес од организацијата „Свештенство и лаици за економска правда” изјави дека станува збор за најголем број цркви вклучени во заштита на мигрантите.

Трамп најави дека почнува депортацијата на околу 2.000 луѓе во поголемите градови на САД, вклучувајќи го и Лос Анџелес.

Торес рече дека засега нема информации за апсења.

Свештеникот Фред Морис рече дека депортацијата предизвика паника во заедницата. Тој додаде дека на мигрантите им порачал да не ги отвораат вратите и да не одговараат на прашања доколку не дојдат федерални агенти.

Во текот на вчерашниот ден неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Чикаго против имиграциската политика на Трамп.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Не деца во кафез“ и „Укинете ја Агенцијата за имиграција“.

Портпаролот на полицијата Ентони Гуглеми изјави дека протестот поминал мирно и ниту еден од учесниците не е приведен.

Според проценките на полицијата, на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

Слични собири се одржани и во други градови на САД, а во Феникс полицијата уапсила 16 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com