Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен, која во ноември ќе го преземе раководството со извршната институција на Брисел , го состави својот тим.
На нејзината листа, која ќе раководи со ЕУ во наредните пет години има до сега најголем баланс меѓу мажите и жените.
Така од 27- те кандидати за еврокомесари, 14 се мажи и 13 се жени. На листата се најде и поранешниот италијански премиер Паоло Џантилони.
Австрија го делегира досегашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан , кој е на листата на новата претседателка , но засега не се знаат функциите освен дека шеф на дипломатијата и заменик на Могерини ќе биде Шпанецот Жозеф Борел .
Британија не одреди свој кандидат за член на комисијата. Денеска Фон Дер Лејен на прес конференција ќе го претстави составот на новата ЕК , но нејзиниот тим најпрвин ќе треба да добие согласност од европскиот парламент.