Едно од клучните мои ветувања пред жителите на Карбинци се реализира за само една година.
Депонијата која беше голем проблем за околното население во село Карбинци денес е комплетно исчистена и трајно затворена! Здравата и чиста животна средина е еден од нашите приоритети и за во иднина.
Овој простор дополнително за краток период ќе биде и хортикултурно уреден.
Апелирам и до населението во Карбинци, да се почитуваат препораките за забрането фрлање на отпад и заеднички да успееме кон зачувување на животната средина.