Home » Депонијата „Буково“ го загадува воздухот и животната средина

Депонијата „Буково“ го загадува воздухот и животната средина

by Журнал.мк

Иако запалениот отпад во депонијата „Буково“ постојано се насипува со земја сè уште од неа се шири чад поради што во Охрид и неговата околина се чувствува непријатен мирис, а загадениот воздух негативно влијае врз човековото здравје. Од локалната власт велат дека прават напори за санирање на состојбата, но дека не можат да откријат кој ги подметнува пожарите, бидејќи на тој простор има само два контролни пункта. Според градоначалникот Кирил Пецаков единствено решение за надминување на ваквите проблеми е изградбата на регионалната депонија кај Новаци.

„Иако искуството за изградба на патишта и клучни капитални инфраструктурни објекти не е баш како што треба во изминативе години, се надевам дека сето тоа ќе биде завршено, а од друга страна ние на почеток на 2024-та треба како општини од Југозападниот регион да отпочнеме процедура за формирање регионално јавно претпријатие“, Кирил Пецаков изјави градоначалник на Охрид.

Од Министерството за животна средина имаа најавено дека депонијата кај Новаци ќе профункционира до крајот на 2024-тата година и ќе се гради ќелија по ќелија. Сепак изградбата најверојатно ќе доцни, бидејќи Општина Новаци побара да се изгради заобиколница за што проектот ќе се изработува до крајот од годинава.

„Отпочнати се процесите и постапките, јас навистина не можам да ви кажам во 2024-та што ќе се случи ама се надевам дека ако со ова темпо се спроведуваат работите, како што се одвиваат ќе можеме да видиме веќе резултати на терен“, изјави Христина Оџаклиеска, заменик министер за животна средина и просторно планирање.

Најверојатно депонијата „Буково“ најмалку уште година и половина ќе го загадува Охридскиот Регион. Тоа беше причината што од УНЕСКО беше посочена како еден од поголемите загадувачи на животната средина. Повремените пожари се само дел од проблемот, бидејќи отпадните материи што понираат ги загадуваат водотеците коишто се влеваат во Охридското Езеро.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More