Home » Ден со низа протести

Ден со низа протести

by Журнал.мк

Револтот од неисплатените јануарски плати попладнево ќе го искажат лекарите од ГОБ „8ми Септември“. Ќе протестираат во кругот на болницата за време на паузата.

Последно предупредување до Фондот и од клиниките. Ако денеска не им легнат пари на сметките здравствениот кадар во среда излегува на протест.

Не е познато дали фондот успеал да ги собере податоците од сите ЈЗУ за да може да ги исплати. Во меѓувреме се погласни се владините убедувања дека пари има, ќе се активира државниот трезор.

Освен лекарите гласот го крева и група просветни работници. Во еден часот попладнево излегуваат пред МОН.

Се жалат дека се спречени да го завршат процесот на полагање на менаџерски испит за да стигнат до соодветните лиценци за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.

На нивните барања, тврдат, глуви се сите надлежни институции под МОН. Велат за проблемите ќе ја известат и меѓународната заедница, а правата ќе ги бараат и по судски пат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk