17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Ден на Црвениот крст и на крводарителството

Најчитани вести

По повод 17 март – Ден на основање на Црвен Крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителство, Црвен Крст организира заеднички активности со петте општински организации на територија на град Скопје.

-Локациите на кои ќе бидеме присутни се ТЦ Ист гејт , ТЦ Сити мол, Стара чаршија, ТЦ Капитол и Плоштад Македонија. На споменатите локации ќе поставиме промотивен штанд со материјали од работата на Црвен крст на РСМ, бидејќи на овој ден одбележуваме 77 години од формирањето на организацијата, а се одбележува и како Ден на крводарителство во РСМ, информираат од Црвениот Крст.

Волонтерите на Црвен крст ќе ги мотивираат граѓаните да пријдат на штандовите, со цел да ги запознаат со областите на дејствување на организацијата и нашата мисија, како најмасовна хуманитарна организација.

Во насока на промоција на кродарителството и мотивација на граѓаните, од Црвен Крст додаваат дека волонтерите ќе спроведат мал квиз за случајните минувачи, а за оние кои ќе ги одговорат точно прашањата, имаат подготвено подароци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com