16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Ден на македонското воено воздухопловство

Најчитани вести

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска армискиот воздухопловен ВИНГ (вВИНГ) ќе го одбележи Денот на единицата.

Најавени се пригодни обраќања на командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини по што ќе бидат објавени стимулативни мерки на припадници од единицата и ќе има прелет на воздухоплови.

На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана, ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.

Воздухопловниот ВИНГ го прославува 10 јуни, откако на тој датум во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести