8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Ден на жалост во Косово за жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

Најчитани вести

Во Косово денеска е ден на жалост во чест на десетте жртви во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи во Хрватска, кога автобус со косовски регистарски таблици излегол од патот и се превртел. Покрај жртвите има и 44 повредени лица од кои 15-мина се со тешки повреди. Несреќата се случи во близина на Славонски Брод што беше причина за претседателката Вјоса Османи да ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри и денеска ќе се врати во земјата.

Хрватската полиција отвори истрага за причините за несреќата, иако возачот на автобусот на „Дева Турс“ од Ѓаковица, кој сообраќал на релација Франфурт – Приштина, е уапсен, откако признал дека задремал за момент над воланот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести