Home » „Денот на црвот“ од Симона Јованоска добитник на наградата „Роман на годината

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска добитник на наградата „Роман на годината

by Журнал.мк

Романот „Денот на црвот“ ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Денот на црвот“ претставува успешно книжевно остварување во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, човечки судбини и егзистенцијални ситуации, се наведува во образложението на жири комисијата за наградата.

За победничкиот роман одлучуваше жири-комисијата во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева кои го избраа победникот од вкупно 39 романи.

Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More