14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Денковски и Ѓорѓиевски едногласни: Нашата цел е јасна, шест бода од дуелите со Фарски Острови и Ерменија

Најчитани вести

Нашата млада репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари против селекциите на Фарски Острови и Ерменија.

Овие средби ги играме на гостински терен, прво се соочуваме со Фарски Острови во Клаксвик за да потоа се соочиме и со Ерменците во Ереван. Селекторот Драги Канатларовски се соочува со доста проблеми за овие дуели, нема да ги има на располагање Метју Божиновски, Стефан Чолаковски, Агон Елези и Енис Фазлагиќ, односно мораше да повика нови играчи и тоа Иван Николов од Вардар и Димитар Тодоровски од Работнички.

Меѓутоа без разлика на сите овие пехови во нашиот табор се оптимисти и веруваат дека на престојните мечеви можат да се освојат сите шест бода.

-Не очекуваат две тешки гостувања против Фарски Острови и Ерменија. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е освојување на максимални шест бода од двата натпревари. Против Франција и Србија очекувавме повеќе, посебно на резултатски план, но освоивме само еден бод. Се надевам дека сега нема да ги повториме грешките од претходните средби и ќе ги оствариме првите две победи во квалификацискиот циклус. Имаме одличен тимски дух, сите сме подготвени да дадеме се од себе за дресот на Македонија, -вели голманот Давид Денковски.

Сличен став има и напаѓачот на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски.

-Фаворити сме на двата натпревари, но тоа не мора да значи апсолутно ништо. Видовме дека една Франција не успеа да слави победа против Фарски Острови. Се работи за репрезентација која игра добар фудбал, посебно на домашен терен. Нашата цел е јасна, а тоа остварување на победа на двете средби. Имаме неколку нови играчи на овој собир, со оглед на тоа што имаме неколку клучни фудбалери што се повредени. Селекторот има јасни идеи, ги презентираше уште на првиот собир, верува многу во потенцијалот кој го има оваа селекција. Функционираме одлично со него, ги слушаме советите и инструкциите што ни ги дава, имаме тешка група, но чекор по чекор можеме да се надеваме на позитивни резултати и остарување на добар пласман. -порача Ѓорѓиевски.

Да потсетиме Македонија во воведните два дуели од овој циклус загуби од Франција (3-0) и ремизираше со Србија во Охрид (0-0).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com