Холивудскиот глумец Денис Квејд (65) се сврши по четврти пат, а неговата избраничка е Лора Савоје, која е 39 години помлада од него. На младата студентка ова не и е првиот многу постар маж во животот. Таа претходно била во врска со 54. годишниот Џереми Пивен, ѕвездата на серијата „Entourage“.
Тие биле неколку месеци во љубовна врска. Тој ја запросил викендов при заедничка прошетка. Квејд при зајдисонце, ја замолил да се сликаат…
– ВО МИГОТ КОГА ТАА НЀ ФОТОГРАФИРАШЕ, ЈАС Ѝ ГО ПОКАЖАВ ПРСТЕНОТ И ЈА ПРАШАВ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОМАЖИ ЗА МЕНЕ. ТОГАШ ПАДНА…, РАСКАЖУВА ГЛУМЕЦОТ.