13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Денеска ќе се расправа за разрешувањето на Јанева

Најчитани вести

За евентуалното разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе се расправа денеска, за кога е закажана седницата на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за овој случај.

Вчера овој Совет не го прифати барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева со што извештајот останува таен.

Таква одлука е донесена бидејќи истрагата за Јанева е сè уште отворена и класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од Извештајот, стои во образложението на одлуката на Советот на јавни обвинители. Одлуката на Комисијата и заклучокот во однос на постапката на разрешување на Јанева се носи со просто мнозинство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести