20 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Денеска ќе се избира нов претседател на Советот на јавни обвинители

Најчитани вести

Советот на јави обвинители денеска треба да избере нов претседател на местото на Коле Штерјев чиј двегодишен мандат истекува на крајот на месецов.

Штерјев вчера во изјава за медиумите потврди дека на денешната седница ќе се избира неговиот наследник, без да прецизира имиња на можни кандидади.

Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.

Досегашниот претседател Коле Штерјев беше избран на 31 август 2017 година. Дојде на местото на дотогашниот претседател Петар Аневски.

Штерјев е член на Советот на ЈО од 2016, а претходно бил дел од Вишото јавно обвинителство и Обвинителството за организиран криминал.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести