23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Денеска сончево и многу топло

Најчитани вести

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно ќе биде на повеќе места во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com