8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Денеска регионална конференција за медиумска писменост и справување со дезинформациите

Најчитани вести

Регионална „Конференција за медиумска писменост ЕУ – Западен Балкан: Справување со дезинформациите” организираат Делегацијата на ЕУ во земјава и Македонскиот институт за медиуми денеска во Музејот на современа уметност. Конференцијата ќе има хибриден формат – панелистите и дел од учесниците од Република Северна Македонија ќе бидат присутни во живо, а панелистите од странство ќе учествуваат преку интернет-врска.

– На конференцијата ќе се разговара за актуелните предизвици во јавниот комуникациски простор, како што се справувањето со дезинформациите, влијанието на социјалните мрежи и дезинформациите во редефинирањето на новинарското известување и квалитетот на новинарството, како и важноста на медиумската писменост за граѓаните во новото медиумско опкружување, соопштија организаторите.

Говорници на настанот ќе бидат водечки претставници на државните институции, медиумите, граѓанското општество и академската сфера од Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

Најавени се поздравни обраќања од претседателот на државата Стево Пендаровски, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел (видеообраќање) и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.

– Ова е втора конференција што се организира во овој формат со поддршка од Европската Унија. Таа е конципирана врз основа на резултатите од Конференцијата за медиумска писменост ЕУ-Западен Балкан што беше организирана во 2020 година во Сараево и Бања Лука и многубројни иницијативи на оваа тема поддржани од Европската Унија, наведуваат организаторите на конференцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com