15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Денеска пристигнуваат 40 000 дози од „АстраЗенека“, утре 100 000 од „Синофарм“

Најчитани вести

Девет илјади лица над 70 години се пријавиле за имунизирање од први мај до денеска.

Порастот на интересот за вакцинација кај најкритичната група на граѓани ќе го одложи вакцинирањето на помладите, информираше министерот за здравство Венко Филипче. За најавите пак дека до утре ќе добијат термин сите пријавени за имунизација, министерот порача дека во тек е процесот кој најдоцна до понеделник ќе биде завршен.

Сега ставаме акцент на овие новопријавени над 70 години, со цел да се заштити таа најкритична категорија на граѓани, што значи дека можно е помладите нешто подолго време да почекаат, затоа што сметаме дека е приоритет да се заштитат постарите лица.

Во земјава стигнаа на ред за вакцнирање и дел од помладите, а според Филипче тоа е само во помалите места каде што повозрасните веќе примиле вакцини. Тој најави дека ќе се стави граница, а лицата кои што имаат под 40 години засега ќе почекаат.

Инаку денеска во земјава преку ковакс системот се надополнуваат дозите од вакнцините на АстраЗенека, односно околу 40.000 вакцини како што кажа Филипче, а утре пристигнуваат и 100.000 дози на синофарм кои што се донација од кинеската армија. Надлежните се задоволни од процесот на имунизација, а со пристигањето на повеќе вакцини тој ќе тече уште побрзо.

-Околу 150.000 граѓани се вакцинира, а од нив околу 30.000 се ревакцинирани. Денеска се очекува да пристигнат близу 40.000 вакцини преку ковакс системот од АстраЗенека, а во текот на утрешниот ден и 100.000 вакцини од синофарм преку донацијата на кинеската армија и тие веднаш ќе бидат распределени по веќе постојните системи и канали за имунизација, вели министерот Филипче.

Според информациите од министерството за здравство, интерес за вакцина пројавиле над 330.000 лица.

Вкупно 242 заразени пациенти се лекуваат на инфективните оделенија низ Скопје, голем дел од нив се на кислородна поддршка. Притисокот на болниците опаѓа во изминативе денови, до 8 часот утрово имало околу 300 слободни места, бројка која што се очекува во текот на денов да порасне.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести