Home » Денеска пресуда за „Топлик“

Денеска пресуда за „Топлик“

by Журнал.мк

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.
Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителот Бурим Рустеми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk