9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Денеска пресуда за таткото на Боки 13

Најчитани вести

Миле Јовановски денеска ќе ја слушне првостепената одлука на Кривичниот суд за нанесување тешка телесна повреда на 7 јануари 2017 кога физички го нападнал Виктор Стојчев, инаку свештеник по професија.

Таткото на Бојан Јовановски, притворениот шoумен познат како Боки 13 за случајот „Рекет“, по расправија за паркинг место му нанел повреди на Стојчев, меѓу кои и скршеница на зглобот на ногата.

Јовановски на минатото рочиште ја призна вината, а како олеснителна околност во негова корист може да се земе тоа што, според одбраната, свештеникот упатувал навредливи зборови на сметка на Боки 13.

На Јовановски му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години, но може да добие и условна казна ако се земат во предвид олеснителните околности.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести