Почнува работата на мисијата за оценување на работата на Судскиот совет, иницирана од Европската унија. Прво ќе биде идентификуван обемот на работата, по што ќе биде комплетирана од тим експерти од земјите членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат Македонија. Мисијата ја предводи Бранко Хрватин, поранешен претседател на врховниот суд на Хрватска.
Европската комисија е многу загрижена за последните случувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија, особено во однос на судскиот совет, вели портпаролката Писонеро. Тимот експерти ќе предложи долгорочни и краткорочни мерки, вклучително и институционални и законодавни активности, со цел зајакнување на независноста, непристрасноста и доверливоста на Судскиот совет.
Од таму пак нема официјална потврда за посетата, но првично најавената седница за 10 часот е презакажана за 13.