-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Денеска паѓа рекордот за најскап трансфер во Премиер-лигата

Најчитани вести

Манчестер Сити денеска и официјално ќе постави рекорд за најскап трансфер во историјата на Премиер-лигата, уривајќи ја границата од 100 милиони фунти за ангажман на нов фудбаалер. Станува збор за Џек Грилиш, кој во текот на денешниот ден ќе го комплетира трансферот во редовите на актуелниот шампион, со што управата на Сити ќе ја исполни првата од двете желби за овој преоден рок на Пеп Гвардиола.

Преговорите траеја неколку седмици, но се интензивираа во последните два дена, откако Сити начелно се согласи да плати 100 милиони фунти, колку што Астон Вила бараше за својот капитен. Самиот Грилиш не крие дека сака што поскоро да му се приклучи на тимот на Гвардиола, па англискиот репрезентативец дури и го скрати одморот за лично да учествува во преговорите и да „притисне“ за што поскоро да биде постигнат целосен договор.

Според весникот „Дејли Мејл“, тоа се случило вчера, а Грилиш денеска треба да ги мине лекарските прегледи, по што трансферот ќе биде официјализиран и ќе биде урнат рекордот на Пол Погба, за чии услуги Манчестер Јунајтед му плати на Јувентус 94,5 милиони фунти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com