Home » Денеска марш за женски права под мотото „Ќе преживеат ли жените овде?“

Денеска марш за женски права под мотото „Ќе преживеат ли жените овде?“

by Журнал.мк

Под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, на плоштадот „Филип II“ во Скопје ќе се одржи марш за женски права.

Овој марш, како што велат од Платформата за родова еднаквост, е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед: од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените.

-Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, посочуваат од од Платформата за родова еднаквост.

Маршот ќе почне во 18:00 часот од плоштадот „Филип II“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk