23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Денеска истекува рокот за одложената отплата на кредитите

Најчитани вести

Денеска истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓани погодени од ковид-кризата.

Ново одложување дали ќе има од банките засега немаат наведено на своите веб страници. Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите.

-Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност ќе се смета доспеан долг повеќе од 90 дена, а вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 100 евра во денарска противвредност и да надминува еден отсто од целокупната искористена кредитна изложеност.

Одложена отплата на кредитите имаше во два наврати од 1 април минатата година до 30 септември 2020 година и вториот од 1 октомври 2020 година заклучно со 31 март 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести