12 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Денеска започнува производството на Porsche Taycan

Најчитани вести

Иако сеуште ја нема направено саемската премиера на продукцискиот модел, денеска во Штутгарт, Porsche започнува со производството на моделот Taycan.

Овој прв целосно електричен автомобил на германскиот производител се темели на концептот Mission E од 2015 година, а оваа година неколку пати се појавуваше во јавноста.

Taycan Turbo, 2019, Porsche AG

Од претходно е познато дека овој модел доаѓа во две верзии. Првата верзија Turbo располага со 671 КС, а до 100 км/ч забрзува за 3,2 секунди. Втората верзија Turbo S е помоќна и располага со 751 КС, а до 100 км/ч забрзува за 2,8 секунди. И кај двете верзии максималната брзина е ограничена на 260 км/ч.

Претходно од Porsche потврдија дека за овој модел има добиено нешто над 30 илјади нарачки.

Инаку називот Taycan потекнува од турскиот јазик, а грубиот превод би значел жив млад коњ. Овој назив е избран и поради тоа што на грбот на градот Штутгарт се наоѓа токму коњ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести