7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Денеска започнува АБА лигата, МЗТ в сабота му гостува на шампионот Црвена звезда

Најчитани вести

Денеска ќе стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига, а титулата ја брани Црвена звезда која минатата сезона во српското финале по голема борба беше подобра од Партизан во серијата со 3:2 во победи. Партизан и Црвена звезда и оваа сезона се главни фаворити за освојување на титулата.

Првото коло денеска од 18.00 часот ќе го отворат кошаркарите на Задар од Хрватска, кои на домашен терен ќе играат со екипата на Студентски центар Дерби од Црна Гора. Во сабота ќе се одиграат два натпревари, босанската Игокеа ќе го пречека црногорскиот Морнар Бар од 16:00 часот, додека актуелниот шампион во АБА лигата, Црвена звезда од 20.00 часот во Белград го пречекува македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.

Српскиот Партизан во недела од 17.00 часот гостува кај хрватската Цибона. „Црно-белите“ предводени од тренерот Жељко Обрадовиќ, како и Црвена звезда, сезонава ќе настапуваат и во Евролигата.

Црногорскиот Будуќност од Подгорица од 19.00 часот го пречекува хрватскиот Сплит, а Цедевита Олимпија од Словенија од 21.00 часот е домаќин на српскиот Борац Чачак. Последниот меч од првото коло ќе се игра во понеделник од 18.00 часот, а тимот на ФМП во српскиот дуел ќе игра против Мега Баскет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести