17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Денеска Европарламентот ќе расправа за вонредна резолуција за преговори со Македонија

Најчитани вести

Европскиот Парламент денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.

Европскиот Парламент веќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата, а вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Резолуцијата треба да се најде на дневен ред на седницата во Стразбур, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Европскиот Парламент би требало да истакне дека жали поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед“.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда“ како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија“, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести