3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Денеска гласале 10.653 болни, немоќни, лица со ковид и затвореници, ДИК вели немало проблеми

Најчитани вести

Без проблеми помина денешното гласање на локалните избори на болните, немоќните и лицата со ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците и лицата во притвор, а вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

„На гласачките места во казнено-поправните установи своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1.899 гласачи, а според податоците од Општинските изборни комисии, гласаа 1.229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7.907, до овој момент според Општинските изборни комисии, гласаа  5.477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи сѐ уште трае и избирачките одбори ќе работат сѐ додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат“, рече Гугуческа.

Таа потсети дека за граѓаните е активен бесплатниот телефонски број 0800 55544 на кој може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК, но заедно со своите податоци за контакт на кои би добиле одговор на поставеното прашање. Во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. На располагање се и останатите канали за комуникација на ДИК: интернет страницата на ДИК, страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб, на кои може да се најдат сите правовремени и точни информации поврзани со изборите што ги споделува ДИК која е одговорна за спроведување и организирање на изборите.  

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com