-2 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Денеска во Њујорк средба Заев-Мицотакис

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев кој со владина делегација престојува во Њујорк на 74. Генерално собрание на Обединетите нации денеска ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Грчките медиуми јавуваат дека ова ќе биде прва нивна средба откако Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција.

За време на престојот во Њујорк премиерот Заев ќе има официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а ќе присуствува на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-то Генералното собрание на ОН.

Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести