4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Дендијас до Џафери: Продолжете да ја негувате европската идеја меѓу граѓаните

Најчитани вести

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, кој престојува во официјална посета во нашата земја.

Како што информираат од кабинетот на Џафери, во фокусот на средбата била билатералната соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино унапредување во иднина.

Претседателот Џафери нагласил дека имплементацијата на Преспанскиот договор придонела за членство на земјата во НАТО, во Јадранско -Јонската стратегија и имплементацијата на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Тој упатил и благодарност за донацијата од Грција во рамки на мерките за надминување на вирусот Ковид-19, а во контекст на НАТО, ги издвоил придобивките од техничките аранжмани за заштита на нашиот воздушен простор.

Истовремено, претседателот на Парламентот изразил очекување дека наскоро ќе бидат донесени ратификациите во грчкиот парламент со кои се унапредува соработката со Северна Македонија во повеќе области, вклучително и во делот на евроинтеграциите.

„Недобивањето на датум за одржување на првата меѓувладина конференција и неговото одложување има негативно влијание на перцепцијата кај граѓаните за евроинтеграцискиот процес и може пошироко да се одрази и на останатите земји во регионот, со оглед на фактот што земјата ги исполни сите потребни критериуми и тоа треба да биде што поскоро надминато“, заклучил Џафери.

Грчкиот министер ја нагласил важноста на институциите во унапредувањето на меѓусебната доверба и взаемните односи меѓу двете земји.

„Северна Македонија и Грција имаат заедничка иднина во Европската унија и тоа е прашање на принцип за Република Грција, која активно ги поддржува легитимните европски аспирации на Република Северна Македонија. Од тие причини, се вложуваат континуирани напори за што поскоро надминување на предизвикот кој стои на тој пат“, посочил Дендијас.

Тој воедно упатил апел до претседателот Џафери и колегите пратеници да продолжат да ја негуваат европската идеја меѓу граѓаните бидејќи, како што рекол, истата не е проект на една влада и една генерација, туку континуитет на споделување европски вредности на целиот континент.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com