9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Дендијас доаѓа во Скопје на средба државното раководство

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на 31 август 2021 во Скопје, ќе биде домаќин на својот хомолог од Грција Никос Дендијас, кој доаѓа во официјална посета на Северна Македонија.

Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратешко партнерство.

Предвидено е министрите да дискутираат за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, посебно од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан.

Во делот на билатералната соработка, фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот, како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција.

За време на посетата, министерот Дендијас ќе оствари средби и со највисоките претставници на нашата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com