7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Дендиас и Борел телефонски разговарале за случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ

Најчитани вести

За случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ, но и подготвеноста на Грција да придонесе во стабилноста во регионот, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на ЕК Жозеп Борел, како што соопшија на Твитер и самиот Дендиас и од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Телефонски разговарав со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел за случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ, нагласувајќи ја подготвеноста на Грција активно да придонесе за стабилизација на регионот. ЕУ би требала да придонесе со почитување на принципот на инклузивност на сите земји членки на ЕУ, напиша Дендас на Твитер.
Шефот на грчката дипломатија остварил телефонски разговор и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина Мирослав Лајчак, со кој освен за конкретно прашање, разговарал и за случувањата на Западен Балкан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести