Home » Дендиас во посета на Босна и Херцеговина

Дендиас во посета на Босна и Херцеговина

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Босна и Херцеговина и ќе одржи низа средби со државниот врв, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека за време на посетата се очекува дискусиите да се фокусираат на „зајакнувањето на билатералната соработка, европската перспектива на Западен Балкан, Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), регионалната безбедност и стабилност, како и пошироките регионални случувања, вклучително и ситуацијата во Украина по руската инвазија”.

Шефот на грчката дипломатија минатата седмица ја започна балканската турнеја, ја посети Албанија, во средата беше во Северна Македонија, в четврток ќе биде во Србија, а следната седмица, во вторник и в среда ќе биде во посета на Црна Гора и Косово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More