13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Демонтирани делови од пругата кон Гевгелија – возот бил во опасност…

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден околу 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничката станица „Јане Сандански“, односно на влез во станицата, непознат сторител демонтирал делови од свртница од инфраструктура на „Железници на Република Северна Македонија“, кои служат за одредување на правец на движење на возовите и ги оставил покрај пругата.

На тој начин била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај на тој дел од пругата, но сообраќајот не е во прекин.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Железничка станица „Јане Сандански“ се наоѓа на железничкиот коридор 10.

Железничката станица се наоѓа на железничката линија Скопје — Гевгелија и на неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Гевгелија, како и меѓународните возови Белград — Солун и Скопје — Солун.

Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 18,4 километри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести