14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Демонстрантите во Хонконг бараат локални избори, чекаат 24 часа

Најчитани вести

Демонстрантите забарикадирани на еден универзитет во Хонконг бараат владата да преземе обврска до 24 ноември да организира локални избори.

Маскиран демонстрант на Кинескиот универзитет во Хонконг утринава изјави дека владата има рок од 24 часа да го исполни нивното барање за избори.

Студентите и другите демонстранти ги зазедоа водечките универзитетски кампуси во Хонконг, поставија барикади и се обезбедија со мноштво Молотови коктели и други предмети за борба.
Јавната телевизија РТХК јави дека една коловозна лента во главната улица Толо е расчистена, но дека властите се уште не ја отворија за сообраќај.

Еден повозрасен маж починал од повредите здобиени кога со некаков предмет бил погоден во глава за време на судирите меѓу приврзаниците на владата и демонстрантите, пренесе Би-Би-Си.

Владата соопшти дека 70-годишниот чистач бил на пауза за ручек кога го погодил предмет што бил фрлен од демонстрантите.

Неделава во Хонконг е забележана ескалација на насилствата со интензитет на уличните пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, како и во судирите на универзитетите.

Антивладините протести во Хонконг траат повеќе од пет месеци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести