16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Демократски фронт-Пркос, нова партија на политичката сцена: Во Македонија може сите да живеат добро!

Најчитани вести

Демократски фронт- Пркос е името на нова политичка партија во Македонија чиј иницијативен одбор смета дека со посветени луѓе, како што велат, можат да се изборат за праведно општество, подобра економија, за правда и правдини, за подобро образование, здравство и култура, за труд, за човекови права и слободи.

„Незадоволни од политичката и економската ситуација тргнуваме во формирање на политичка партија, затоа што сметаме дека за Македонија ова е „минута до дванаесет”. Големата емиграција на млади луѓе, растечката нееднаквост и политичката корупција се трајно наследство од владејачките политички партии. Повеќе немаме волја, ниту време за политичари кои со години ги уништуваат општеството и државата и не нудат никаква визија. Заслужуваме подобро! Ние знаеме и можеме да ја направиме Македонија праведно и одржливо општество во кое сите ќе живеат добро“, велат од Иницијативниот одбор за формирање на Демократски фронт.

За разлика од постојните политички чинители, се додава во информацијата, промените се можни само доколку се вклучени граѓаните во носењето на одлуките и во креирањето на нови политики во служба на јавниот интерес.

„Со долгогодишно искуство во борбата за пофер и подобра Македонија, одиме кон градење на широк политички фронт. Ги покануваме сите граѓани да ни се придружат! Свесни сме дека за повеќето македонски граѓани дејствувањето во рамките наполитичките партии е одбивно, затоа, решивме да ги повикаме во фронт што не подразбира влез во партијата, а сепак дава можност да учествуваат и да одлучуваат за клучните политички прашања што ги претставуваме во јавноста. За нас, партијата е инструмент преку кој можеме полесно да учествуваме во политичките процеси во кои правилата си ги изделкаа моќниците. Само заедно – со знаење, искуство и борбен дух ќе успееме. Ние знаеме како!“, велат од Демократски фронт и повикуваат сите заинтересирани да им се обратат на demokratskifrontprkos@gmail.com.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести