2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Демократски сојуз предлага Балканска коалиција против тероризмот и организираниот криминал

Најчитани вести

Во пресрет на утрешната расправа за безбедноста и тероризмот, што се одржува во Скопје помеѓу ЕУ и Балканските држави, Демократскиот сојуз ја иницира потребата од формирање на Балканска коалиција за борба против тероризмот и организираниот криминал, велат од ДС.

Во оваа коалиција треба да бидат вклучени сите Балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

– Воедно предлагаме да се формира и Балкански центар за борба против тероризмот и организираниот криминал со седиште во Скопје, каде ќе се слеваат и обработуваат сите информации и ќе се дејствува превентивно. Тероризмот е сериозна безбедносна закана за Балканските држави, затоа е неопходно државите поблиску да соработуваат, додека организираниот криминал разорно дејствува на демократскиот и економскиот развој. Криминалот ги кочи и евроинтеграциските процеси на државите аспиранти за влез во ЕУ од таканаречениот Западен Балкан – велат од ДС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com