Демократскиот сојуз смета дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари, при што ги охрабрува работодавците да се усогласат со синдикатот.
„Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехрамбените производи, електричната енергија, гасот и услугите неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и пензионерите.
Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата“, се наведува во партиското соопштение.
Од Демократскиот сојуз потсетуваат дека уште во јануари 2016 година, предлагале зголемување на минималната плата (да изнесува 300 евра), но тогаш Парламентот, предложените законски решенија не ги прифатил.