14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Демократски сојуз: Да се повлечат измените на изборниот законик

Најчитани вести

Демократскиот сојуз на седницата на собраниската Комисија за политички систем ќе предложи амандмани на предлог измените на Изборниот законик. Но, поради тоа што од партијата сметаат дека поради монополот што го имаат предлагачите на законот, во парламентот нема услови за корегирање на текстот, бараат да се повлечат измените на Изборниот законик.

„Демократскиот сојуз предлага процентот на потребни потписи од вкупниот број на запишани гласачи како услов за кандидирање независни листи на советници и градоначалници да биде 0,3 отсто, потоа целосно бришење на одредбите за отворени листи и прагот од 3 отсто за пласман во горниот дел на листата, платениот рекламен простор да се дели подеднакво на сите партии, а да се предвиди и време за независни листи и кандидати“, се наведува во соопштението.

ДС предлага да не се лимитира пристапот до социјалните мрежи и интернет порталите, и целосно да се исфрлат ограничувањата за платено политичко рекламирање.

„Во предлог измените на Изборниот законик има решенија кои ќе предизвикаат конфузија на претстојните локални избори, многу неважечки ливчиња, како и целосно некредибилен изборен процес. Демократскиот сојуз смета дека не се обезбедени услови за фер, демократски и слободни избори. Со измените се фаворизираат само четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците), предлагачи на законот“, сметаат од ДС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com