4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Демократски сојуз: Да продолжиме по патот кон ЕУ

Најчитани вести

Демократскиот сојуз ги повикува своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на КОАЛИЦИЈАТА НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”, предводена од СДСМ, заокружувајќи го бројот 12.

-Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој.Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните.Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред.Демократскиот сојуз, со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работи во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата.По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети, велат од ДС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com