12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Демократски сојуз: Владата итно да го заштити културното и природното наследство на Охрид и Струга

Најчитани вести

Демократскиот сојуз ѝ изразува поддршка на министерката за култура Ирена Стефоска да побара од Владата да ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга во делот на заштитата на културното и природното наследство поради непридржување кон стандардите на УНЕСКО.

Од партијата сметаат дека веќе подолго време е евидентно дека општините Охрид и Струга и покрај апелите од Владата и ветувањата на градоначалниците не ги остваруваат своите надлежности во делот на заштитата на културното и природното наследство, особено, како што велат од ДС, со толерирањето на дивоградбите и несовесното одобрување на градби кои ја загрозуваат животната средина и му нанесуваат трајна и непоправлива штета на културното и природното наследство на Охридскиот Регион.

„Последен во низата настани е уривањето на објектот ресторан ‘Парк’ во Охрид, кој се наоѓа на 50 метри од самиот езерски брег, каде што со најновите градежни активности треба да никне неколкукратно погабаритен објект – голем хотелски капацитет, кој е спротивен на препораките на мониторинг-мисиите на УНЕСКО, според кои треба да се запре со секаква урбана крајбрежна трансформација“, велат од партијата.

Од таму велат дека поради опасноста ваквите активности да придонесат Охридскиот Регион да го изгуби статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО, ја повикуваат Владата да преземе итни и неодложни мерки за заштита на природното и културното наследство во општините Охрид и Струга и истовремено ја охрабрува министерката да ги повика на одговорност Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести