18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Демократскиот сојуз на Косово ќе оди во опозиција како не го добие претседателското место

Најчитани вести

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ја најави конститутивната седница на Собранието за 26 декември, но победничките партии Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз (ДСК) сеуште немаат постигнато договор за да формираат влада. Нивниот број на претеници поединечно не е доволен да форимираат самостојно влада на Косово.

Членот на претседателството на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти во пресрет на собраниската седница изјави дека нема да коалицираат со движењето Самоопределување, ако ДСК не го добие местото претседател. Неколкуте обиди на лидерите на победничките партии Албин Курти и Иса Мустафа, да се договорат не донесоа резултат. Преговорите се заглавени околу барањето на ДСК упатено до Самоопределување да им ја отстапат функцијата претседател.

-Ако не го добиеме местото претседател ќе одиме во опозиција, изјави Хоти во емисија на телевизијата Т7.

Централната изборна комисија ги потврди резултатите од предвремените парламентарни избори во Косово, што се одржаа на 6 октомври, според кои победник беше движењето Самоопределување со 221.001 глас, или 26,27 проценти. На второ место е Демократскиот сојуз на Косово со 206.516 гласови, или 24,54 проценти, додека на трета е Демократската партија на Косово со 178.637 гласови или 21,23 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com